Германскиот округ Хајнсберг ќе се користи како жива лабораторија за да се дознае повеќе за корона вирусот

- Advertisement -

Истражувачи од Германија се обидуваат да откријат како се шири корона вирусот и како да го стопираат. Тие поставија центар во еден од најпогодените германски региони за да најдат одговори.

Досега истражувачите дојдоа до различни заклучоци за тоа колку долго вирусот може да преживее на различни површини, но сега тимот од Германија има поинакви одговори.

- Advertisement -

Досега нема потврден пренос на вирусот во супермаркети, ресторани или салони за убавина, но е докажано дека најголемото ширење се случува како резултат на блиски средби кои траат подолго време, велат германските виролози.

Хајнсберг се смета за епицентар на пандемијата на корона вирусот во Германија откако брачен пар заразени со КОВИД 19 присуствувале на карневалот во февруари и тоа резултирало со ширење на заразата во регионот Гангелт.

- Advertisement -

Хајнсберг има популација од околу 250.000 жители, а бројките од минатата недела покажуваат потврдени 1.400 случаи и 39 мртви. Повеќе од 690 луѓе закрепнале од болеста.

Сега студенти по медицина и истражувачи работат на пионерска студија со цел да го разјаснат ширењето на заразата и како може да се сопре. Во текот на наредните неколку недели округот Хајнсберг ќе се користи како жива лабораторија за истражувања. Студијата го носи називот „КОВИД 19 кластер студија“, почна на 31 март, а ќе следи 1.000 избрани поединци како репрезентативен примерок на германската популација.

- Advertisement -

Тимот научници ќе интервјуира пациенти со цел да ги идентификува можните синџири на зараза и да ги поврзе со некои претходни здравствени состојби на луѓето со цел да генерираат препораки за целата германска и европска популација.

Научниците планираат да влегуваат во домови, училишта и болници за да испитаат како влијае вирусот на секојдневниот живот, како се шири преку различни површини како мобилни телефони, квави или далечински управувачи. Тие полагаат голема надеж дека резултатите ќе може да се искористат за остатокот од Германија и од светот да дознае како подобро да се справи со оваа пандемија.

Првичните интервјуа и истражувања од домовите во Хајнсберг веќе дадоа некои индикации како функционира вирусот. Тие пронашле корона вирус на далечински управувачи, кади, мобилни телефони, веце школки и на кваки. Сепак, не можеле да го одгледаат вирусот во лабораториски услови од примероците земени од тие површини.

Според нив, некоја површина како кваките може да биде заразна само ако тој што ја фатил пред тоа кивнал во сопствената рака. Потоа тој што ќе ја допре мора да си го допре и лицето за да му се пренесе вирусот. Засега не е возможно да се потврди колку време може да преживее вирусот на кваки затоа што нема доволно истражувања. Додаваат и дека влегле во куќа каде што имало многу заразени луѓе со корона вирусот и не успеале да најдат траги од вирусот на ниту една површина во домот.

Германските виролози велат дека корона вирусот е многу подложен на сушење, па затоа минимални се шансите да се пренесе преку банкноти или монети. Според моменталните сознанија, не е веројатно дека корона вирусот може да се пренесе преку увезена стока како храна, играчки, алатки, компјутери, облека или обувки. Исто така, досега не е потврдено ширење на заразата преку контаминирани предмети.

Експерти од американскиот Институт за здравје и од Агенцијата за контрола на епидемии CSC велат дека корона вирусот може да преживее до три дена на пластична или челична површина, 24 часа на хартија и до три часа во форма на аеросоли во воздухот. Германските научници, пак, велат дека студиите кои довеле до такви заклучоци се спреоведени во експериментални услови и не ги отсликуваат реалните ризици за пренос на вирусот во секојдневниот живот.

Сподели!
- Advertisement -