Следува најголемата економска криза после Големата депресија. Еве кои држави ќе бидат најпогодени!

- Advertisement -

Неделава истражување на Обединетите нации покажа дека 81% од светската работна сила, односно 3,3 милијарди луѓе поради епидемијата се соочиле со делумно или целосно затворање на работните места.

Пандемијата на корона вирусот ќе го претвори годинашниот економски раст во негативен, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева и предупреди дека светот се сочува со најголемата економска криза после Големата депресија од 30-тите години на минатиот век.

- Advertisement -

Пандемијата ќе има најлоши економски последици после депресијата од 1929 година, изјави Кристалина во пресрет на пролетното заседание на ММФ и на светска банка. Најпогодени ќе бидат земјите во развој и брзорастечките пазари и ним ќе им требаат стотици милијарди странска помош, додаде таа.

„Пред само три месеци очекувавме раст на приходите по жител во сите 160 земји-членки во 2020 година. Сега работите се свртеа наопаку – очекуваме пад на приходите по жител во над 170 земји во светот“, објасни Георгиева.

- Advertisement -

Таа додаде дека очекуваат делумно закрепнување идната година ако пандемијата се ублажи во втората половина од годинава, но предупреди дека ситуацијата може и да се влоши. Карантините кои ги наметнаа бројни влади ги натераа компаниите да се затворат и да отпуштат работници.

Сподели!
- Advertisement -