ВИДЕО: Вухан го прослави укинувањето на карантинот со вистински спектакл

- Advertisement -

Како што беше и најавено, кинескиот град Вухан, каде што првобитно се појави корона вирусот, од денес повеќе не е во карантин, а тоа беше прославено со светлечко шоу. Вухан беше епицентарот на корона вирусот кој потоа се прошири ширум светот.

Меѓутоа, во Вухан се укина карантинот и сите рестрикции, така што животот се враќа во нормала. Меѓу другото, тоа значи дека сообраќајот функционира и дека се дозволени и патувања надвор од градот после цели два месеци карантин.

- Advertisement -

По повод укинувањето на карантинот градот организираше импресивно светлечко шоу во бои, кое почна синоќа на полноќ, а облакодерите во центарот на метрополата беа осветелни со пораката „Здраво, Вухан!“. Голем број луѓе го искористија укинувањето на забраната за да отпатуваат со автомобили или со воз надвор од градот каде што живеат 11 милиони жители.

Сподели!
- Advertisement -