Обединетите Арапски Емирати воведуваат виртуелни венчавки преку Интернет

- Advertisement -

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) стартуваа интернет услуга за склопување брак за сите парови кои сакаат да се внечаат и покрај пандемијата на корона вирусот. Министерството за правосудство, задолжено за регистрацијата на бракови во оваа главно муслиманска земја, отвори интернет страница на која сите верени парови можат да ги испратат потребните документи за евиденција на бракот.

Во склоп на новата услуга идните сопружници се повикани да изберат свештеник за официјално одобрување на бракот. По одобрението на документите, се одредува датум за виртуелната венчавка преку видеолинк, во текот на која свештеното лице од парот бара дигитален потпис, а потоа издава дигитален документ за склопениот брак.

- Advertisement -

Следува испраќање на договор за склопениот брак по имејл на преглед на судот, а потоа одобрените копии од договорот на ист начин се враќаат до венчаниот пар. Целта на дигиталната услуга на склопување брак е заштита на јавното здравје и олеснување на правните процедури во склад со актуелните околности.

Во таа држава досега се евидентирани 4.123 случаи на заразени со корона вирусот и 22 починати. Пандемијата ја примора земјата да понуди бројни јавни услуги преку интернет.

Сподели!
- Advertisement -