Кина ја одобри почетната фаза од тестирањето на луѓе за две експериментални вакцини против новиот корона вирус, поради кој во светоѕт умреа повеќе од 100.000 луѓе.
На развојот на вакцините работат пекиншката подружница Sinovac Biotech и Институтот за биолошки производ од Вухан, кој е подружница на кинеска државна фармацевстка групација.
Кина во март доби зелено светло за второто клиничко тестирање на кандидати за вакцината против корона вирусот која ја развија кинеската воена академија за медицински науки и биотехнолошката компанија CanSino Bio. Тоа се случи веднаш откако американскиот производител на лекови Moderna изјави дека почнале со тестирање на луѓе на вакцината од американските национални институти за здравје.
Пред еден месец Кина најави дека нејзините научници работат на барем осум вакцини, кои се во различни фази од истражувањето. Уште тогаш беше најавено дека во април може да почнат со првите клинички тестирања. Според податоците од кинеското Министерство за образование, една од вакцините е базирана на вакцината за обичниот грип, додека другата е базирана на вирусните протеини од самата структура на вирусот.