Досега вкупно 254 компании добија бескаматни кредити во вредност од 2,2 милиони евра

- Advertisement -

Uште 118 компании ќе ги користат бескаматните кредити од Развојната банка како дел од економските мерки за помош на стопанството, соопштија од Владата по денешната прес конференција.

Во овие компании на кои им е одобрено користење на кредитите има вкупно 1 116 вработени. Вкупниот износ на кредитите е 936 602 евра и ова е втор пакет на одобрени барања од фирмите.

- Advertisement -

„Во првата и втората група, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2.853 вработени. По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69 проценти, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28 проценти, а средните компании до 250 учествуваат со 4 проценти“, наведуваат од Владата.

Одобрувањето на апликациите за кредити за фирмите кои ги исполнуваат условите, според најавите, ќе се одвива редовно на неделно ниво сè додека не се исцрпат во целост парите од кредитната линија „Ковид 1“.

- Advertisement -

Досега до Развојната банка, според информациите од Владата, се пристигнати повеќе од 1 050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -