Статистика: половина од фирмите во Македонија се иновативни!

- Advertisement -

Над половина од деловните субјекти во вкупниот број или 55 отсто се иновативни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на периодот 2016-2018 година.

Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16,8 отсто имаат воведено иновација на производ, 26 отсто имаат воведено иновација на процес, а 55,6 отсто имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 1,6 отсто од вкупниот број иновативни деловни субјекти.

- Advertisement -

Најмногу иновации се бележат во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 89,5 отсто, потоа маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот 78,1 отсто, информации и комуникации 77,5 отсто, а најмал процент на иновации се бележат во секторот научно истражување и развој 23,5 отсто.с

Сподели!
- Advertisement -