Пендаровски: По Велигден, владата да дефинира план за фазно враќање на економската активност

- Advertisement -

ретседателот на државата Стево Пендаровски ја охрабри владата по празникот Велигден да го дефинира планот за фазно, постепено враќање на економската активност во нормала.

Тој ги пренесе и реакциите на многу граѓани до него во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80 часа, практично целосна забрана за движење на целата територија што се предвидува за празникот.

- Advertisement -

– Ние во моментов спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки во оваа смисла во Европа. Не само мене, но и на огромниот број граѓани им е јасна логиката и оправданоста за донесување на оваа мерка, но најдрастичните мерки треба да се применуваат по исклучок и во некој разумен рок – рече Пендаровски, посочувајчи оти сѐ повеќе од тоа ќе биде контрапродуктивно и може ќе ги реши проблемите во здравството но ќе предизвика проблеми во некои други области.

Ваков ист став Пендаровски има и за затворањето на стопанските субјекти.

- Advertisement -

– Јасно е дека не само ние, туку целиот свет ќе мора да научи да живее со вирусот подолг временски период а во меѓувреме ќе мора да изнајдеме моделатите животот со сите неопходни рестрикции и превентивни мерки да родолжи да функционира – рече Пендаровски, додавајќи дека Советот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе заседава кога за тоа ќе се јави потреба

Сподели!
- Advertisement -