Aмериканската економија бележи најсилен пад од Втората светска војна!

- Advertisement -

Во САД минатата недела над 5,2 милиони граѓани поднеле барање за надомест за невработеност, што значи дека бројот е сега поголем од 10 милиони за само четири недели, покажува извештајот на американската влада.

Министерството за труд објави дека минатата недела 5,2 милиони граѓани поднеле барање за исплата на надомест за невработеност. Барањата се помалку во однос на 6,6 милиони забележани во претходната недела.

- Advertisement -

Економистите од анкетата на „Ројтерс“ очекувале пад на бројот на барања на 5,1 милион заклучно со 11 април. Некои, сепак, очекувале да достигне и 8 милиони. Економистите предвидуваат дека американската економија, за која се верува дека веќе е во рецесија, во првиот квартал да забележи најсилен пад од Втората светска војна.

Податоците за новите барања за надомест за невработеност се следат во целост за да се процени длабочината на кризата и кога бранот на откази би можел да попушти, како и кога ќе започне заздравувањето на економијата.

Сподели!
- Advertisement -