ЕУ го организира најголемиот хакатон во борбата против корона вирусот

- Advertisement -

Европската комисија го организира најголемиот хакатон #EUvsVirus со цел развој на инивативни решенија за предизвиците поврзани со корона вирусот. Хакатонот ќе се одржи од 24 април со 26 април 2020 година. Пријавите се отвотрени до утре во 23.59 часот. Може да се пријавуваат и готови решенија. Заинтересираните може да се пријават на линкот https://euvsvirus.org/.

Главната цел на хакатонот е да се усогласат и да се поврзат иноваторите, партнерите и купувачите ширум Европа и да се обединат во решавањето на проблемите со кризата (брзо производство на опрема, зголемување на производните капацитети, пренос на знаење и решенија од една земја во друга) на разни технолошки полиња.

- Advertisement -

Натпреварувачите во текот на тие 48 часа колку што ќе трае хакатонот ќе развиваат иновативни решенија за висока технологија и хардвер и софтвер за решенија со користење на биотехнологија, дигитална технологија, општествени науки и други домени од полето на иновациите. Потоа следува онлајн претставување и избор на најдобрите проекти. Предвиден е развој на прототипови и на решенија на шест полиња поделени во 37 предизвици: здравје и живот, континуитет на работата, социлајна и политичка кохезија, работа и образование на далечина, дигитални финансии итн.

Сите 37 предизвици може да се најдат на линкот, а са секој ќе бидат избрани двајца финалисти и по еден победник. Победничките проекти ќе бидат објавени на платформата Европско иновациско собрание (EIC Community Platform) и на тој начин ќе станат достапни за крајните корисници, инвеститорите, организациите и ќе бидат насочени на актуелните опции за финансирање од Европската комисија. Тоа ќе биде појдовна точка за подолга соработка меѓу Европската комисија и екосистемите на иноватори, производители и двигатели ширум Европа во врска со корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -