Србија дава бесплатен интернет за учење програмирање

- Advertisement -


Иницијативата „Дигитална Србија“ најави дека од трите мобилни оператори кои се членови на оваа непрофитна организација на своите корисници ќе им овозможат пристап до порталот за учење програмирање petlja.org без наплаќање на потрошениот интернет сообраќај.

На овој начин и во вонредни околности компаниите Telekom Srbija, Telenor и Vip mobile продолжуваат заеднички да го поддржуваат унапредувањето на алгоритамската безбедност како еден од основните темели за една јака дигитална економија, чиј развој е стратешка цел на инцијативата.

- Advertisement -

Откако на RTS3 пред неколку недели почнаа телечвизиски часови по информатика и компјутерски вештини, кои ги следеа повеќе од 200.000 ученици, иницијативата „Дигитална Србија“ и фондацијата Petlja до крајот на април ќе ја стартуваат и платфомрата Net.Kabinet, која ќе овозможи следење на редовна наставна програма со двонасочна комуникација на учениците со своите наставници. Во таа насока, одлуката сите три оператори преку „Дигитална Србија“ на овој начин заеднички да ја поддржат Petljа ќе овозможи образованието на далечина да биде бесплатно во вистинската смисла на зборот.

Во наредниот период инцијативата со своите челнови ќе работи на тоа на семејствата со деца кои немаат пристап до интернет да им овозможи рамноправно со своите врсници да се поврзат на мрежата на која во денешно време се стекнува најмногу знаење.

Сподели!
- Advertisement -