За економско заздравување на Европа и требаат 500 милијарди евра

- Advertisement -

На Европа, покрај договорениот пакет од половина милијарда евра, ќе и треба и најмалку 500 милијарди од институциите на ЕУ за финансирање на закрепнување на економијата по пандемијата од коронавирусот, рече Клаус Реглинг, генерален директор на Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ).

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Реглинг изјави дека најлесен начин за обезбедување на овие средства би бил преку Европската комисија и буџетот на ЕУ, пренесува Ројтерс.

- Advertisement -

– Јас би рекол дека за втората фаза ни требаат барем уште 500 милијарди евра од европските институции, а можеби и повеќе. За ова, треба да го отвориме нашиот ум, да разгледаме нови инструменти, но и да ги користиме постојните институции затоа што е полесно, вклучително, пред сè, Комисијата и буџетот на ЕУ – рече тој.

Министрите за финансии на ЕУ договорија на 9 април пакет финансиска помош за државите, компаниите и граѓаните во вкупен износ од 540 милијарди евра.

- Advertisement -

Тие, исто така, се согласија дека Еврозоната, која Меѓународниот монетарен фонд и пресмета пад од 7,5 проценти оваа година како резултат на пандемијата, ќе и треба пари за да се опорави, но има различни ставови за висината на потребното финансирање и како да се обезбеди тоа.

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за оваа тема на видео конференција на 23 април.

Сподели!
- Advertisement -