Како ќе изгледа постпандемиското излежување на плажа? Во кабини од плексиглас

- Advertisement -


Многу земји кои зависат од турисмот со причина се загрижени како ќе изгледа елтната туристичка сезона 2020. Со плажи затворени за јавноста во време на пандемија, капењето на плажа во Италија годинава звучи малку мервојатно. Според предвидувањата, ќе има пад на прометот од најмалку 60%, додека други имаат и поцрни прогнози за постпандемиското летување.

Меѓутоа, Италијанците активно размислуваат за тоа како да ја спасат сезоната. Постојат неколку работи кои треба да се осигураат годинава на плажите, како што се контролиран пристап и иснталација на дозери за десинфекција во тоалетите. Меѓутоа, најбитно ќе биде да се гарантира социјална дистанција меѓу луѓето.

- Advertisement -

Една италијанска компанија предложи оригинално и функционално решение за да се одржи социјалната дистанција меѓу луѓето на плажа оваа летна сезона. Имено, италијанската компанијан Nuova Neon Group 2 претстави дизајни за кабини за плажа со цел безбедно сончање во текот на поспандемискиот период.

Компанијата од Риминини е специјализирана за кровови, штандови и прозорци, а смисли начин како безбедно да одиме на плажа летово. Тие предлагаат монтажни провидни кабини со големина од 4,5×4,5 метри направени од плексиглас и алуминиумски профили.

- Advertisement -

Иако на социјалните мрежи овој предлог и не наиде баш на одобрување. Исто така, и некои од надлежните за туризмот во Италија не го поддржуваат овој преглод со образложение дека италијанската ривиера има посебен пристап кон гостите, а овој проект е многу поинаков од тоа.

До пред неколку месеци оваа радикална идеја веројатно би била добра за некоја серија како Black Mirror, а сега е наша реалност и веќе има и први нарачки за овие кабини.

Сподели!
- Advertisement -