Швајцарија и САД почнуваат да тестираат лек против маларија на заразени од корона вирусот

- Advertisement -

Швајцарската фармацевтска компанија Novartis постигна договор со САД за продолжување на истражувањето на лек против маларија кој би можел да помогне во лечењето на корона вирусот. Тестирањето на лекот ќе се врши на 440 пациенти.

Станува збор за лекот „хидроксихлорокин“, за кој се зборуваше доста последните месеци. Досега не се вложени напори да се докаже неговата ефективност во лекувањето на корона вирусот, но благодарение на соработката на Швајцарија и Америка можеби ќе добиеме појасна слика за способностите на лекот.

- Advertisement -

„Хидроксихлорокин“ со децении се користи за лечење на маларија, посебно го промовираше американскиот претседател Доналд Трамп откако се појавија непотврдени докази дека може да помогне во борбата против корона вирусот. Меѓутоа, уште нема нaучни докази дека лекот навистина помага.

За потсетување, според препораките на Светската здравствена организација, БиХ и многу други земји од светот веќе користат „хидроксихлорокин“ во третирањето на заболените со потешка клиничка слика. Исто така, Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажа дека хлорокинот има голем потенцијал да се користи против корона вирусот се додека не биде достапна вакцина за оваа смртоносна болест.

- Advertisement -

„Хидроксихлорокин“ по својата структура има уникатна способност да навлезе во клетките и да ја помине ендосомската мембрана, па така да го спречи закиселувањето со апсорбирање на голема количина водород. Откако ќе ја премине мембраната и ќе влезе во органелата, органелата е спречена да достигне пониска pH вредност. Кога ќе се случи тоа, хлорокинот ја оневозможува хидролизата потребна за да се размножуваат корона вирусите.

Сподели!
- Advertisement -