Зачекорете во магијата на дигиталниот свет со вашите деца!

- Advertisement -

Сите знаеме дека нашите најмлади се големи истражувачи, а честопати подобро и од нас се навикнуваат на новите дигитални технологии, кои се менуваат секојдневно. За родителите тоа понекогаш претставува вистински предизвик, затоа што разиграните малечки треба и да ги заштитиме од многуте опасности, кои што се наоѓаат во виртуелниот свет. Загриженоста на родителите исчезнува со Samsung Kidsспецијална апликација за паметни телефони и таблети, која нуди прилагоден начин на работа и ја буди детската фантазија и љубопитност. Со помош на само еден допир на траката Брзи функции во Samsung таблетите и смарт телефоните, заедно со вашите најмили отпатувајте во магичниот свет на креативноста!

  1. Дружете се со Crocroo и пријателите и дизајнирајте го нивниот дом

Кога ќе ја стартувате Samsung Kids апликацијата, ќе ве пречека лидерот на тимот и голем авантурист, Crocroo, кој ќе ве води низ целиот интерфејс и ќе ви објасни што и каде да допрете на екранот. Crocroo потоа ќе ве запознае со другите членови на неговата виртуелна заедница, а тоа се сликарот Bobby, музичарката Lisa и симпатичната мрзливка Cooki, која обожава да готви. Заедно помогнете му на Crocroo да дизајнира дом за него и неговите пријатели и да им помогнете во секојдневните задачи на апликацијата Crocroo’s Village of Friends.

- Advertisement -
  • Научете критички да размислувате и да програмирате

Crocroo не е само лидер, туку е и голем авантурист! Со апликацијата Crocroo Adventure, можете да го набљудувате решавањето на задачи и проблеми, како и развивањето на вештини за критичко размислување кај вашето дете. За прв пат со апликацијата, детето може да се запознае со поимот програмирање, каде со помош на блок-кодирање, детето (но и родителите!) можат да се запознаат со основните концепти на ИТ. Исто така, достапни се и дополнителни игри и предизвици, кои што вашето дете ќе може да ги презема самостојно, заради прилагодениот интерфејс на Galaxy Store.

  • Тестирајте различни инструменти

И вие и вашето дете сакате да пеете и да танцувате? Не грижете се, главнот музички уметник Lisa е тука за вас. Со апликацијата Magic Voice, можете да се снимате заедно и да ги претворате вашите гласови како да зборуваат виртуелните пријатели од Samsung Kids апликацијата. Покрај тоа, овде е и магичниот бенд на Lisa, кој ви овозможува да снимате и да пеете песни, како и да пробате различни инструменти. Се разбира, немојте да заборавите да направите и заедничка фотографија од вашиот бенд со специјални визуелни ефекти во прилагодената апликација на камерата.

- Advertisement -
  • Бидете дигитален уметник

Покрај учењето и музиката, уметничката душа од групата, Bobby, се погрижи да ја сподели својата страст за создавање на уметнички дела на различни платна. Во апликацијата My Art Studio, може да се цртат и дизајнираат налепници заедно со Bobby, а за вистинските уметници има цртање во песок или во вселената, како и бројни боенки во играта Платното на Bobby.

  • Развијте здрави дигитални навики

Користејќи ги напредните опции за родители, можно е да се ограничи времето на децата поминато пред паметните телефони и таблетите, за да им се развиваат здравите дигитални навики со заеднички сили во семејството. Родители, не грижете се – дури и најљубопитните малечки ќе бидат запрени со специјалната PIN лозинка при обид да ги променат поставките. Покрај тоа, родителите може да ги дефинираат и телефонските контакти до кои детето ќе има пристап.

- Advertisement -

На крајот од играта, родителите имаат пристап до детални извештаи, кои даваат увид за времето на користење, најчесто употребуваните апликации, честите телефонски повици, па дури и креативните дела на вашето дете во текот на играта и креирањето.

Затоа, заедно со вашите деца запловете во авантуристичкиот, дигитален свет полн со нови знаења, кој е безбеден за вашите најмили! Инсталирањето на паметните телефони и на таблетите на Samsung е многу едноставно, а со помош на интерактивниот интерфејс и со родителските ограничувања, вашето дете може безбедно да го користи уредот, дури и ако вие како родители не можете да се придружите на виртуелната забава за целото семејство.

Сподели!
- Advertisement -