Земјите во светот полека ги олабавуваат мерките за почнување на нормално функционирање на економиите, но сите се прашуваме како ќе изгледа тоа во пракса. И покрај олабавувањето, и понатаму се советува сите кои работат од дома да продолжат да го прават тоа, но сигурно многу компании полека ќе почнат да ги отвораат своите канцеларии и да ги повикуваат работниците назад на работа. За многумина работата од дома не е продуктивна и ефкетивна затоа што дома мора да се грижат и за семејството, да работат со децата на онлајн наставата итн.
Враќањето во канцеларија не би требало да изгледа како пред паднемијата и ќе помине доста време додека се вратиме на старото, а се повеќе се зборува за тоа дека една од последиците на корона вирусот ќе биде укинување на т.н. отворен тип на канцеларии каде што многу луѓе се во една иста просторија затоа што таму има ризик од ширење на вирусот.
На прашањето како ќе работиме во иднина одговор даде Бил Гејтс. Неговото име толку многу се споменува од почетокот на пандемијата, па тој на својот блог напиша како ќе изгледа враќањето на работа на вработените во Microsoft во Кина. Нивното искуство сигурно многу ќе им помгоне на други компании и земји. Прво, од вкупно 6.000 вработени, во канцеларија се вратија половина, а останатите работат од дома. За тие кои работат во канцеларија важат правилата за држење физичко растојание меѓусебе и задолжително носење маски. Просториите каде што работат ќе се чистат и дезинфицираат многу често, а секој вработен мора да носи средство за дезинфекција со себе.
Понатаму, деловните патувања не се забранети, но се дозволени само во посебни услови. Иако тоа во Microsoft изгледа не се практикува, во некои компании во Кина се мери и температирата при доаѓање на работа. При враќањето во канцелариите постапно ќе се менуваат правилата за тоа што можат, а што не смеат да прават вработените и тие ќе се прилагодуваат во зависност од тоа дали ќе расте и колку ќе расте бројот на заразени, а државите меѓусебе треба да ги споделуваат искуствата.
Бил Гејтс новата фаза од пандемијата која следува ја нарече полунормална и смета дека треба да се прават само оние активности кои носат големи бенефити на економиите и добросостојбата на луѓето. Но, тој знае дека економиите денес се меѓусебно поврзани и тоа ќе биде тешко да се направи. Според него, училиштата треба да се отворат, а со работа треба да почнат и рестораните и производствениот сектор, но уште е премноу рано да се продолжат нормално спортските настани.