Поради корона вирусот ќе пропаднат дури 1 милијарда литри вино

- Advertisement -

Пратеник во Европскиот парламент оредупреди дека ширум Европа може да пропаднат дури милијарда литри вино како последица на корона вирусот. Пратеникот Андро ја повика Европската комисија да интервенира за да се избегнат последиците од големито шок за винскиот пазар после пандемијата на КОВИД-19.

Тој предупреди дека моменталната ситуавија би можела да има многу сериозни последици на вработеноста во тој сектор, а особено врз малите вински куќи, рестораните и другите учесници во синџирот на продажба на виното.

- Advertisement -

Најголемото претставничко тело на европски винари и трговци со вино, Европскиот комитет на претпријатија – CEEV (Comité Européen des Entreprises), објави соопштение во кое се наведува дека винарите во многу земји во Европа имаат логистички тешкотии во пласманот на виното и голем пад на продажбата.

Како што се наведува во соопштението, винарниците работат побавно отколку што би требало поради мерките за епидемиолошка заштита, а некои и целосно престанале со работа.

- Advertisement -

„ХОРЕКА каналите се затворени речиси секаде и во овој момент се блокирани 30% од вкупното производство и 50% од вредноста на виното во Европа. Кон крајот на минатиот месец дојде и до пад на продажбата в супермаркетите, што го забрза негативниот тренд на пазарот за вино“ велат од CEEV.

За да се спречат најлошите последици на моменталните трендови, ова тело направи кризен план наречен Covid-19 Wine Package со цел финансиски да се зајакнат винарниците и да се рестартира веќе умртвениот пазар.

Сподели!
- Advertisement -