Германија одобри тестирање на вакцина против корона вирусот на луѓе

- Advertisement -


Клиничките тестирања на вакцина против КОВИД-19 на луѓе сега се одобрени во Германија, известува германскиот Федерален институт за вакцини. Во првиот дел од тестирањето ќе учестуваат 200 здрави луѓе на возраст од 18 до 55 години, кои ќе примат неколку варијанти од вакцината.

Потенцијалната германска вакцина против корона вирусот ја разви биотехнолошката компанија BioNTech. Станува збор за РНК тип на вакцина.

- Advertisement -

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, вели дека ќе поминат месеци додека новата вакцина ги помине сите потребни тестирања, но дека секако е позитивен знак за Германија што се дава зелено зветло да вакви тестирања.

Сподели!
- Advertisement -