Во САД поделени 26 милиони откази за време на карантинот

- Advertisement -


За само пет недели во САД 26 милиони граѓани поднеле барање за надомест за невработени, покажува извештајот на американската влада. Само минатата недела 4,427 милиони граѓани поднеле барање за исплата на тој надомест, објави американското Министерство за труд.

Претходната недела таа бројка изнесуваше 5,237 милиони. Од средината на март без работа останаа вкупно 26 милиони Американци, покажуваат ревидираните податоци на Министерството, што е еднакво на 16% од вкупниот број вработени во САД.

- Advertisement -

Со ова се неутрализираат резултатите на најдолгиот период на процут на американската економија од септември 2010 година до февруари годинава, кога беа отворени 22 милиони нови работни места.

Иако бројките на новите невработени и понатаму се високи, минатата и предминатата недела се помали отколку две недели претходно, што дава надеж дека можеби најлошото помина.

- Advertisement -

„Американското стопанство губи работни места со брзина и размери какви што не сме виделе никогаш досега. Тоа е нешто како природна катастрофа на национално ниво“ велат економистите.

Економистите предвидуваат дека најновиот извештај на американската влада за вработеноста во април ќе покаже нето загуба од дури 25 милиони работни места.

Сподели!
- Advertisement -