Кина ќе ја тестира првата национална дигитална валута

- Advertisement -

Кинеската централна банка PBoC развива дигитална верзија на кинеската валута јуан веќе неколку години, а првиот практичен тест ќе се случи во дистриктот Џионган, во близина на Пекинг. Не се познати детали за дигиталната валута, но мали се шансите дека ќе биде слична на најпопуларната криптовалута биткоин, која е децентрализирана и неконтролирана од ниедна централна институција.

Дигиталниот јуан ќе го издава Кинеската централна банка, од каде што наведуваат дека имаат намера да ги поедностават дигиталните плаќања. Првите тестирања се најавени за Џионган, а потоа следуваат во Шенжен, Сужу и во Џенгду.

- Advertisement -

Меѓу 19 компании кои ќе учествуваат во пилот програмата има и американски – McDonalds, Stаrbucks и Subway. PBoC нагласува дека дигиталниот јуан нема да биде пуштен во употреба, туку станува збор само за тестирање, а се очекува да влезе во употреба до Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.

Сподели!
- Advertisement -