Пред неколку месеци стартапот Epicore Biosystems го најави фластерот Gx за анализа на состојките во микрофлуидите од потта на спортистите за разни намени како мерење на нивото на електролити. Првиот таков производ е развиен во партнерство со Gatorade, кој е сопственик на Pepsi, а познатиот производител на освежителни пијалаци требаше да го лансира на пазарот во втората половина од оваа година.
Но, по се изгледа оваа технологија за анализа на потта би можела да се искористи значително порано во борбата против корона вирусот, односно за следење на здравствената состојба на заболените. Тоа вклучува следење на електролитите, на заморот на пациентите и неинвазивно мерење на цитокините во потта.
Докторите тие информации би можеле да ги користат за навремено предвидување на развојот на тешките облици на болеста. Epicore Biosystems е спиноф на истражувачката групација „Џон Роџерс“ на Универзитетот Нортвестерн, а нивната технологија се базира на растегливоста на водоотпорните фластери кои личат на привремени тетоважи и содржат микрофлуидни канали кои ја собираат и ја пренасочуваат потта низ коморите исполнети со хемиски тестови.
Во соработка со фармацевтската компанија Leo Pharma истражувачите на Epicore тие преносни сензори за пот ги тестирале за следење на воспаление на атописки дерматитирс, додека L’Oreal ги користи за проучување на pH вредноста на кожата.
Од Epicore велат дека дури и нивните наједноставни сензори за мерење на потта би можеле да бидат корисни за пациентите заболени од корона вирус затоа што луѓето кои имаат висока температура имаат и тенденција на потење во текот на ноќта, па многу е битно да пијат течности.
Најголемата корист од фластерот би била за мерење на нивото на цитокини, кои поркај антителата, се најбитниот секрециски производ на клетките на имунолошкиот систем. Во некои случаи телото ги ипушта во големи количини како одговор на грип и на новиот корона вирус, со што доаѓа до т.н. бура од цитокини, која предизвикува штетни воспаленија кои се опасни по живот.
За анализа на спортската верзија на Gx доволно е со мобилен телефон да се фотографира фластерот, а потоа фотографијата се анализира во апликацијата и се прикажуваат вредности. На сличен начин би требало да функционира и медицинската верзија.