Белгиски научници направија паметна алка која гарантира почитување на социјалната дистанца

- Advertisement -

Работниците во белгискиот град Антверпен имаат прилика први да испробаат како функционира паметната алка Romware ONE на компанијата Rombit, која би требало да ги предупреди ако некој друг работник им се приближи премногу блиску.

Алката на Rombit веќе се користи за предупредување на работниците во гласна средина. Таа, тие со вирбација можат да го предупредат тој што ги носи ако им се приближи некое возило или ако влезат во зона каде што не треба да одат.

- Advertisement -

Освен предупредување, новиот софтвер служи и за следење на контактите меѓу работниците за во случај на зараза со корона вирусот полесно да се утврди по која маршута се движел работникот и со кого се се поздравил.

За разлика од другите решенија кои собираат информации и ги складираат на централен сервер, решението на Rombit се базира на директна комуникација меѓу алките, со што ја штити приватноста на работниците.

- Advertisement -

Алката има и низа други можности како испраќање СОС сигнал, водоотпорна е, опремена е со GPS итн. Од Rombit велат дека веќе добиле прашања од над 100 земји за во наредните неколку недели да ги набават алките.

Фото – https://www.romware.io

Сподели!
- Advertisement -