Како да ги задржиме работните места со КОВИД-19 кризата?

- Advertisement -

Пандемијата со КОВИД-19 предизвика целосен економски застој, а мерките за забрана на движење значително го отежнаа работниот процес, додека пак голем број на компании или ги намалија или целосно ги прекинаа своите активности, ставајќи во опасност голем број на работни места. Затоа стопанските комори ги повикуваат компаниите да учествуваат во истражувањето за утврдување на состојбата со работната сила и продуктивноста при економската криза и да го одговорат прашалникот на следниот линк.

„За да се изнајдат вистински модели за надминување на кризата мора да се спроведе ова темелно секторско истражување во економијата. Во делот на работните односи, истражувањето ќе се фокусира на добивање одговори за реалните состојби во компаниите, со цел да се понудат конкретни мерки. Ќе бидат опфатени: влијанието врз продуктивноста, профитабилноста и ликвидноста на компаниите, утврдување на бројот на работници кои ги изгубиле работните места, можноста за исплата на платите од страна на работодавачите. Исто така ќе се направи проценка и на новите услови за работа од дома, ориентирање кон онлајн продажба, како и условите или предизвиците за обезбедување дозволи за движење и сменско работење. Крајната цел на истражувањето ќе биде да се понудат најдобрите предлози и мерки кои се во полза на економијата“, истакнува адвокат Павлина Димовска, правен советник на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, преку кој ќе се спроведе истражувањето за ефектите од економската криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата.

- Advertisement -

Целта е да се изработи студија за работните односи во поглед на актуелната ситуација, ефектот од воведените мерки за справување со кризата, како и да се извлечат препораки за долгорочни решенија во надминување на економскиот застој. 

Стопанските комори ќе изработат позиционен документ кој директно ќе го достават до надлежните органи во кој ќе бидат опфатени ефектите од досега донесените мерки, но и можните долгорочните решенија за нормализирање на економијата и враќање на стапките на раст.

- Advertisement -

Стопанските комори веќе се во контакт со домашни и меѓународни организации и институции за соодветно димензионирање на потребните мерки кои е неопходно да се преземат и реализираат во кризниот период, како краткорочно така и долгорочно.

Сподели!
- Advertisement -