Во борбата со корона вирусот во Хрватска се вклучи и првиот дигитален асистент на Министерството за здравство, кој го доби името по д-р Андрија Штампар. На офоцијалната презентација на дигиталниот асистент беше истакнато дека е изграден на платформата WhatsApp Business API користејќи ја глобалната комуникациска платформа на хрватската ИТ компанија Infobip.
Andrija ќе им помага на хрватските епидемиолози и на целиот здравствен систем во контролата на епидемијата на КОВИД-19. Во време кога докторите се најоптоварени, дигиталниот асистент може доволно брзо и ефикасно на граѓаните да им даде актуелни информации и препораки.
Раководител на проектот е Министерството за администрација, кое ја спроведува дигитализацијата на јавната администрација, а на креирањето на решението работел тим од експерти предводен од епидемиологот д-р Бранко Колариќ со техничка и информатичка поддршка од хрватските компании Mindsmiths, Neos и Oracle Hrvatska, кои заедно со Infobip се членки на Хрватското здружение за вештачка интелигенција CroAI.