Со THRIVITY се подобрува процесот на барање и наоѓање работа

- Advertisement -

www.thrivity.mk , е иновативна алатка за пребарување (“Search engine”) за луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат. Тоа е платформа за спојување, каде луѓето (индивидуални профили) од една страна и компаниите од друга страна креираат свои профили користејќи пред-дефинирани критериуми.  

Кога компаниите ќе објават оглас, Тривити ќе започне пребарување, ќе ги идентификува потребите наведени во огласот, ќе ги поврзе со потенцијалните профили/луѓе и во реално време ќе препорача на компаниите листа на потенцијални кандидати.

- Advertisement -

Листата што ја добиваат компаниите е комплетно анонимна и компаниите не се во можност да ги видат личните податоци на кандидатот.

Ако компанијата сака да им пристапи на некои од предложените профили, испраќа барање за контакт, по што кандидатот (индивидуалниот профил) има опција да го прифати или одбие барањето.

- Advertisement -

Кандидатот ќе биде во целост видлив за компанијата само ако тој/таа го прифатат барањето за контакт. 

 Истовремено, кандидатот ќе има целосен увид во компанискиот профил.  

- Advertisement -

ПЛАТФОРМА ЗА СПОЈУВАЊЕ каде:

„Тривити од денес во земјава ќе понуди иновативен концепт и алатка кој значително ќе го подобри стандардниот процес на барање на работа и наоѓање кандидати за работа, обезбедувајќи знаење за двете страни земајќи ги предвид потребните бихевиорални компетенции и квалификации за секоја работна позиција“ изјави Поликарп Арсеновски од компанијата АПОД која е носител на овој проект.

Тривити претставува синергија на модерната технологија и искуствата во областа со управување со човечки капитал и процесот на претселекција и селекција со фокус на бихевиорални вештини, со регионален потенцијал за развој.

Платформата е резултат на стратешко партнерство помеѓу тимовите на АПОД, консултантска фирма во областа на управување со човечки капитал и една од најиновативните македонските технолошки компании ХАСЕЛТ, која несебично покажа интерес уште од првиот разговор и активно се вклучи во развојот на Тривити.

Уверени сме дека за кратко време компаниите во Македонија да ги препознаат вредностите на производот и да се приклучат на нашата платформа, а луѓето кои се амбициозни и кои бараат работа според своите способности и знаења да пополнат лични профили.

Искрено се надеваме дека вистински ќе инспирираме многу поединци да ја пронајдат работата според својот потенцијал, а компаниите да добијат високо мотивирани и среќни вработени кои ќе ја сакаат својата работа, истакнува Арсеновски.

Под слоганот „Заслужуваш добра работа“ Тривити  има цел да предизвика позитивни промени во нашето општество. Од изборот на несоодветен работен кадар една компанија губи време, негативно влијае на луѓето и самата организацијата, ги руши партнерските врски со надворешните соработници / клиенти и креира намалени приходи и профит, додека пак вработениот губи време, кое можел многу подобро да го искористи доколку би работел на друга работна позиција или во друга компанија.

Алгоритмот на Тривити ги минимизира овие слабости и нуди алтернатива која е во функција на личен и компаниски просперитет.

Како поддршка на платформата, тимот на „Тривити“ го става на располагање целото свое искуство и знаење во областа за консалтинг и поддршка преку кариерен центар, кој ќе функционира како посебен сектор во нејзини рамки. „Кариерниот центар Тривити“ е наменет за лицата кои бараат работа, размислуваат за промeна на работното место или за развој на нивната кариера.Користењето на услугите на кариерниот центар е целосно бесплатно и со него „Тривити“ дава придонес кон професионалниот развој на секој поединец.

Платформата „Тривити“ е поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.

Сподели!
- Advertisement -