Studio Precht, со седиште во планините во Австрија, ги претвори правилата за социјално дистанцирање во посебен парк наречен „Парк на дистанција“ (Parc de la Distance). Паркот е иновативно решение кое ќе осигура дека сите посетители се оддалечени најмалку 2 метри едни од други со секој момент.
Паркот е дизајниран во форма на отпечаток од прст и се состои од спирални прстени направени од висока зелена ограда, а е инспириран од француските барокни и јапонските зен градини. На средината се наоѓаат фонтани.

Бидејќи сите познати паркови во Виена се затворени, Studio Precht сакале да дизајнираат безбеден начин за граѓаните да добијат место каде што ќе бидат сами со себе и со природата. Тие го предложија дизајнот на Parc de la Distance за еднас празна локација во Виена.

Секоја патека во паркот има влезна и излезна порта, каде што може да се види дали на патеката има некој друг или е безбедна за шетање. Патеките се оддалечени 2 метри едни од други и одделени се меѓусебе со зелена ограда висока 1 метар. Секоја патека е долга околу 600 метри и потребни се околу 20 минути да се помине. Иако посетителите нема секогаш да можат да се видат едни со други, ќе можат да слушнат чекори.