Ова е најтешкиот квартал во еврозоната откога се води статистика

- Advertisement -


Економијата на еврозоната забележа пад од 3,8% во првиот квартал годинава во момент кога поради корона вирусот се стопирани речиси сите активности – од хотели и ресторани до производствениот и градежниот сектор, соопшти Евростат.

Ова е најслабиот резултат откако се ележи статистика од 1995 година, дури и во споредба со првиот квартал од 2009 година, кога изби глобалната финансиска криза.

- Advertisement -

Невработеноста во март незначително пораснала од 7,3% на 7,4%. Милиони работници добија привремена поддршка преку програми кои ги обезбедија владите кои покриваат поголем дел од платите под услов компаниите да не отпуштаат вработени.

Овие статистички податоци не ја изразуваат целосно длабочината на економскиот пад затоа што стопанските активност поради пандемијата се стопирани во март. Франција и Италија веќе се во рецесија, која се дефинира како економски пад во два последователни квартали. Француската економија е во минус 5,8%, што е најлош резултат од 1949 година досега.

- Advertisement -

Овие податоци се објавени во пресрет на состанокот на Европската централна банка. Евростат потсетува дека земјите на ЕУ во март почнале да воведуват строги мерки против ширењето на корона вирусот и да ги ублажат последиците на пандемијата врз економијата.

Сподели!
- Advertisement -