Adidas годинава има 93% пад на приходите од продажба

- Advertisement -

Германскиот производител на спортска опрема Adidas забележа огромен пад на производството и приходите во првиот квартал од годинава поради кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Приходите од продажба се намалени за дури 93%, додека производството е намалено за 19%. Освен тоа, најавен е уште посилен удар на приходите на гигантот во втората половина од 2020 година.

Оперативниот профит на Adidas во првиот квартал паднал на 65 милиони евра, што е значително помалку отколку 263 милиони кои ги предвидеа аналитичарите. После оваа вест акциите на Adidas паднаа за 1,2%, а од почетокот на пандемијата досега нивната цена е намалена за повеќе од една третина.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека не можат да направат прогноза за зелата година со оглед на тоа дека неизвесно е кога ќе бидат отворени продавниците. Adidas изјави декс повеќе од 70% од нивните продавници се затворени ширум светот, а а има 35% пораст на онлајн купувањето во првото тримесечја од годинава.

Сподели!
- Advertisement -