Околу 7.000 фирми аплицирале за некоја од кризните мерки на Владата

- Advertisement -

Околу 7.000 компании аплицирале, ги користат или ќе користат некоја од мерките од двата сета економски мерки што ги претстави досега Владата.

– Во првиот пакет мерки беа најавени ослободувања од аконтации на данок на добивка за месеците март, април и мај за погодените компании и истото се однесуваше за ослободување од аконтации на данок на личен доход за самостојните вршители на дејност. Ако погледнеме досега, податоците на УЈП велат дека над илјада субјекти, компании и вршители на дејност ја искористиле оваа мерка за ослободување на аконтации, поточно над 680 аплицирале за ослободување од аконтации од данок на добивка и околу 380 аплицирале самостојни вршители на дејност за ослободување од аконтации од данок на личен доход, појасни министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

- Advertisement -

Таа додаде дека од бескаматните кредитни линии што беа лансирани, првата веќе комплетно е искористена и со неа 631 компанија што вработува 5.600 лица добија одобрени бескаматни кредити во износ од 4,7 милиони евра. За оваа линија, рече, имаше навистина голем интерес па веќе втората линија од осум милиони евра беше пуштена на 29 април и за неа само на 29 април веќе имало доставени 600 апликации од компании.

– Во оваа линија имаше и дополнително олеснети услови за да ја искористат што поголем број компании, се однесуваше на сите дејности кои имаат пад од најмалку 30 проценти на приходите и самата постапка за аплицирање беше значително олеснета земајќи ги предвид сите сугестии и критики од првата кредитна линија, потенцира министерката Ангеловска.

- Advertisement -

Четири илјади апликации се веќе обработени, одобрени. До 7 мај се поднесува барање за исполнување на условите и потоа следи вториот чекор – откако ќе добијат одобрение, значи 4.000 веќе имаат добиено одобрение за комплетност на барањето од УЈП и сега тие во МП образецот кога ќе аплицираат за да ја добијат финансиската поддршка кога ќе може точно и да кажеме за колку работни места се работи, бидејќи сега калкулираме со пополнети барања од страна на 5.000 компании. Кога ќе заврши процесот на аплицирање да може да се каже за колкава бројка на вработени се однесува.

Таа очекува од 10 мај да почнат да се исплаќа финансиската поддршка кон фирмите. Исто така, министерката потенцира дека Владата ја следи состојбата и ако има потреба од дополнителни мерки, тие ќе бидат преземени.

Сподели!
- Advertisement -