Нaјнова проекција на НБМ: пад на БДП од 3,5%!

- Advertisement -

Народната банка проценува дека македонската економија годинава ќе оди во рецесија, а реалниот БДП ќе се намали за 3,5%, што е за 0,1 процентен поен полошо од проекциите што ги објави Министерството за финансии. Заздравување ќе има дури идната година, кога БДП треба да порасне за 4,7 насто.  Главен ризик за ова е пролонгирање на здравствената криза, што според гувернерката може да повлече пад на економијата од дополнителни 2,3%.

Заедно со пролонгирање на здравствената криза кај нас може да дојде до побавно закрепнување на извозот и домашната побарувачка, може да ги намали девизните приливи, да го зголеми ризикот и да го отежне пристапот до пазарите на капитал. Во случај на материјлизација на некои од овие ризици можно е потенцијално отстапување од проекцијата, вклучително и поголем пад на бруто домашниот производ“, изјави Анита Ангеловска Бежоска – гувернер на НБРМ.

- Advertisement -

Оваа нова проекција на Народната банка се темели на очекуваниот пад на надворешната побарувачка што ќе го намали извозот за 17%. Бруто инвестициите ќе паднат за 10%, а се очекува граѓаните помалу да трошат пари, па личната потрошувачка ќе се намали за 4%.

Државниот долг изнесува 41,8% од БДП, а јавниот долг што е поширока дефиниција изнесува 50,7% од БДП. Овие податоци се со крајот на првиот квартал. Секако во контекстот во кој што разговаравме, дека нашата економија се соочува голем шок, барем на краток рок и во вакви услови неопходно е да реагираат носителите на политиките, а имајќи ја природата на шокот, најефективни можат да бидат фискалните мерки“, изјави таа.

- Advertisement -

Народната банка во моментов чува 3 милијарди и 150 милиони евра девизни резерви. Од почетокот на годината се потрошени 113 милиони. Дел од нив за враќање на долгови во странство, дел пак за стабилизирање на девизниот пазар.

Гувернерката очекува намалувањето на побарувачката во земјава дополнително да ги намали цените на енергенсите како и цените на основните прехранбени производи, а ќе има и намалена побарувачка на нашите производи во странство.

Сподели!
- Advertisement -