Ова е најдобрата заштитна маска на светот за обичните луѓе

- Advertisement -

Ако хируршката маска не е доволна како заштита од новиот корона вирус, BioVYZR тоа сигурно би можела да биде. Единствениот што би можело да привлече доста внимание е тоа што ќе ви се чудат кога одите по улица.

Официјалниот опис на маската гласи респиратор со прочистувач на воздухот на напојување (Powered Air Purifying Respirator, PAPR) и користи вентилатор на батерии за пумпање воздух во внатрешноста на маската, создавајќи на тој начин позитивен притисок.

- Advertisement -

Позитивниот притисок овозможува истиснување на воздухот од маските преку два филтѕрирани испусни одводи на маските, додека воздухот кој се внесува во внатрешноста се прочистува низ N95 филтер, кој отстранува до 95% од честичките од воздухот.

Тој филтер не пропушта патогени кои се пренесуваат преку аеросоли, мали капки, преку прашина и други честички. Филтерот ќе мора редовно да се менува за заштита секогаш да биде ефикасна.

- Advertisement -

BioVYZR доаѓа со детални упати како мое да се заменат филтрите и како да се фрлат во отпад на безбеден начин. Проектот е стартуван на платформата IndieGoGo и досега собраа 16 пати повеќе пари од првично побараната сума. Кампањата за финансирање трае уште 6 дена, а една маска во претпродажба можете да добиете со донација од 170 долари, две за 340 долари, четири за 680 долари, 10 за 1.700 долари.

Кога ќе се најде во продажба цените ќе бидат за 14% повисоки. Првите испораки низ целиот свет се очекува да започнат во текот на овој месец.

Сподели!
- Advertisement -