Германскиот Вухан докажа дека не важат правилата за пренесување на корона вирусот

- Advertisement -

Резултатите на „живата лабораторија“ во Хајнсберг, која поради големиот број на заболени ја понесе титулата германски Вухан, потврдија дејка бројот на заразени луѓе е многу поголем од официјалните податоци, дека секој петти случај е асимптоматски и дека некои правила за пренесување на корона вирусот не важат.

Уште прелиминарните резултати од експериментите во Хајнсберг покажаа дека корона вирусот се шири потешко отколку што мислевме, а тимот на чело со д-р Хендрик Штрек и професорот Гантер Хартман од Универзитетот во Бон дојдоа до уште неколку заклучоци.

- Advertisement -

За студијата во Хајнсберг биле контактирани вкупно 600 случајно избрани домаќинства во Гангелт. Од 30 март до 6 април. шест недели после избивањето на инфекцијата, биле испитувани 919 учесници од 405 домаќинства. Им земале брисеви од грлото и примероци од крвта и комбинирале со PCR тестови, кои се доста прецизни во откривањето на вирусот во акутната фаза на инфекцијата во првите недела-две, како и ELISA тестот, кој ги детектира антителата кои ги гради имунолошкиот систем две или три недели после инфекцијата.

Главниот фокус на студијата бил ставен на стапката на смртност на КОВИД-19 во однос на бројот на заразени, а првенствено требало да се утврди реалниот број на заразени. „Отприлика 15% од населението во Гангелт беше заразено. Вкупниот број на инфицирани ни овозможува да ја утврдиме стапката на смртност од инфекцијата. Во Гангелт, после избивањето на епидемијата на корона вирусот таа стапка е 0,37%“ објави д-р Штрек. Но, проценува дека бројот на реално заразени е многу поголем од тие што биле позитивно тестирани.

- Advertisement -

Студијата нуди уште некои битни податоци за понатамошни истражувања на САРС-КоВ-2, како што се ризикот од инфицирање во зависност од возраста, полот и здравствената состојба, поголемата сериозност на болеста поради посебни околности и ризикот од инфицирање со семејствата.

Губењето на осетот за мирис и вкус се највпечатливите симптоми на болеста, како што идентификувал професорот Штрек, а интересно е тоа дека 22% од заразените во Ганглет биле асимптоматски.

- Advertisement -

„Секоја петта инфекција е без забележителни симптоми кои сугерираат дека инфицираната личност може да зарази други луѓе и не може да се идентификуваат врз основа на препознатливите симптоми. Секоја наводно здрава личност која ќе ја сретнеме може несвесни да ни го пренесе вирусот. Мора да бидеме свесни за тоа и да постапуваме во склад со тоа“ вели д-р Мартин Екнер, коавтор на студијата.

Сепак, најмногу изненадува податокот дека ризикот за заразување помеѓу членовите од семејството е релативно низок. Се покажало дека заразените кои ќе го донесат корона вирусот во домот нема да ги заразат сите луѓе со коишто живеат. Исто така, се покажало дека подложноста на инфекција не зависи од староста или од полот, како што претходно сугерираа некои студии.

„Стапката на инфекција кај децата, возрасните и кај постарите луѓе е многу слична и очигледно не зависи од возраста“ вели професорот Шрек.

Сподели!
- Advertisement -