Исланд е првата европска држава која речиси го искорени корона вирусот

- Advertisement -

На Исланд заклучно со изминатата недела се опоравени 97% од заболените од КОВИД-19, а за една недела се појавија само два нови случаи. Изгледа дека земјата речиси целосно ја елиминираше заразата, соопштија од владата вчера.

Откако на почетокот на март ги утврди првите случаи на зараза Исланд воведе строго ограничување на движењето и на активностите, ги затвори училиштата, ги забрани поголемите јавни собири и воведе строги тестирањња и стратегија за следење на контактите и движењето за да се спречи ширењето на КОВИД-19

- Advertisement -

Тоа на земјата и овозможи кон средината на април да објави делумно отворање откако епидемијата го достигна врвот и почна побавно да се шири.

„Пријатно се изненадивме од брзото забавување на епидемијата на Исланд. Но, многу е битно да останеме на штрек и да се минимализира опасноста од повторна зараза“ вели главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон.

- Advertisement -

Исланд тестирал 51.663 свои жители, односно нешто повеќе од 14%, што е поголем удел отколку во која било друга земја, делумно благодарение на малубројното население.

„57% од луѓето кои биле позитивни на тестирањето за КОВИД-19 веќе биле изолирани во карантин откако им била дијагностицирана болеста. Правилото за движење на растојание од два метри меѓу луѓето ќе остане на сила уште некое време, а теретаните и базените ќе останат затворени.

- Advertisement -

Фото – pxfuel.com

Сподели!
- Advertisement -