Научниците открија црна дупка која е најблиску до Земјата

- Advertisement -

Новата црна дупка која ја открија научниците во релативното соседство на Сончевиот систем е толку блиску до Земјата што ѕвездите коишто кружат околу неа може да се видат со голо око. Црната дупка се наоѓа на само 1.000 светлосни години од Земјата, а ја откриле со помош на Европската јужна опсерваторија во Чиле.

Но, ако некој се најде во јужната хемисфера може да ги види ѕвездите околу таа црна дупка кога е ведра ноќта и без користење телескоп.

- Advertisement -

„Останавме навистина изненадени кога сфативме дека тоа е првиот ѕвезден систем околу црна дупка кој може да се види со голо око“ вели Петр Хадрава, научник од чешката Академија за науки во Прага и коавтор на споменатата студија.

Системот прв пат бил забележан во склоп на студија за бинарни системи (системи со две ѕвезди). Но, кога откриле дека еден од системите кои ги анализирале крие црна дупка која дотогаш не била уочена, останале шокирани.

- Advertisement -

Воедно, тоа е и една од првите пронајдени црни дупки кои не реагираат насилно со својата околина, што значи дека навистина е црна и дека не може да се види поради нејзиното влијание на останатите видливи објекти како што се ѕвездите.

Астрономите пред откривањето ја набљудувале орбитата на внатрешните ѕвезди на тој бинарен систем, која изгледала пореметена поради влијанието на некој мистериозен објект. Невидливиот објект имал маса најмалку четири пати поголема од Сонцето и може л да биде само црна дупка, тврди водителот на студијата Томас Ривиниус.

- Advertisement -

Фактот дека таа црна дупка може лесно да се уочи значи и дека можеби постојат уште слични ѕвездени системи и дека ова откритие всушност е само врвот на една санта лед, додава Ривиниус.

„Таму горе сигурно постојат стотици милиони црни дупки, но ние знаеме само за неколку од нив. Ако знаеме што треба да бараме сигурно ќе најдеме уште повеќе“ вели Ривиниус.

Сподели!
- Advertisement -