На Сонцето забележана џиновска пега – голема е колку 4 Земји

- Advertisement -

Изминатите неколку дена нашата ѕвезда Сонцето е доста активна, со рекорден број на пеги. Но, сега е забележана и пега со големина од околу четири планети колку нашата Земја. Имено, Сонцето има циклус од активности од 11 години, а идниот максимум на активноста треба да се случи во 2025 година. Што значи тоа и дали ќе ни наштетат сончевите пеги?

Една од пегите на Сонцето вообичаено е голема колку нашата Земја, а оваа сега е баш голема. Сончевата пега е толку видлива што може да се види и со голо око дури и на оддалеченост од 150 милиони километри.

- Advertisement -

Како што велат експертите, стиуацијата сега е доста сериозна и моментално има над 100 активни пеги, што значи дека 25-тиот Сончев циклус досега е во зародиш. Тој циклус е навистина јак и којзнае што ќе ни донесе идните години, велат ескпертите.

Она што е познато е дека пегата се наоѓа на место на кое избива магнетна сила. Тоа можеме да го замислиме како еден лонец со палента која врие под кој ставаме вентилатор за да ја растерува пареата настрана. Но, сега топовската цевка е насочена кон нас. И во период од 24 часа постои можност таа Сончева пега, ако еруптира, да ја почувствуваме и ние на Земјата.

- Advertisement -

Ние Земјата ја имаме пренатрупано со жици, а кон нас доаѓаат протони со брзина од 1.400 км/с. Кога ќе поминат крај Земјата тоа е исклучителна индукција. Врвот на 11-годишниот Сончев циклус ќе биде во 2025 година, што значи дека малку повеќе ќе грее и дека побрзо ќе изгориме ако лежиме на плажа.

Тоа е стандарден циклус. Минатиот бил доста слаб и прекраток за да се види влијание на климатските промени. Несомнено има влијание, но колку сме ние виновни за тоа е друга приказна, велат експертите.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -