Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски корисници ја симнале #ChallengerДома а 70 компании се директно вклучени, велат тимот на Challenger. Тоа за нив значи дека граѓаните и компаниите се свесни за потребата на апликацијата во земјава.
„Искрено, благодарност до граѓаните, компаниите и Фондот за иновации и технолошки развој што веруваат во нашата идеја #ChallengerДома. Ние се чувствуваме корисни за сите вас и сакаме што повеќе да ја симнете апликацијата. Компаниите, како малите, така и големите, од секој град во Македонија ве покануваме да се вклучите за да ја победиме пандемијата“, вели Олга Рајчиќ од Challenger.
Challenger Дома користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. За секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси.
„Колективната свест е повеќе од секој полициски час. Со меѓусебна поддршка и мотивација за дисциплина, заеднички ќе помогнеме во побрзо и побезбедно справување со кризата. Одличен начин за потсетувањето дека херои ќе бидеме со самото седење дома а истовремено ќе се подновиме со работи на попуст. Локализирај ги своите потреби и поддржи ги домашните бизниси“ додаваат од ГРИН ИТ ДОО, креаторот на #ChallengerДома.