Италијански научници тврдат дека направиле вакцина која го неутрализира корона вирусот

- Advertisement -

Италијански научници тврдат дека ја развиле орвата вакцина која може да го неутрализира корона вирусот во клетките на глувците. При тестирањата во болницата Лазаро Спаљанцани во Рим, која е специјализирана за заразни болести, научниците успеале да овозможат производство на антитела во глувците со кои се нутрализира корона вирусот, пишува Independent.

„Ова е најнапредната фаза од иститување на вакцината која е развиена во Италија. Колку што ни е познато, први сме во светот кои досега успеале да направат неутрализација на корона вирусот кај глувци со вакцина. Очекуваме дека истото ќе се случи кај луѓето.“ вели Луиџи Ауризикио, извршен директор на компанијата Takis која работи на производство на вакцината.

- Advertisement -

Тој додава дека глувците по само една вакцинација успеале да развијат антитела кои можат да го блокираат вирусот. Тие планираат кон крајот на летото да почнат со тестирање на оваа вакцина на луѓе. Како што вели, се надеваат дека оваа вакцина, која е развиена со помош на иновативна технологија, ќе стане достапна во целиот свет.

„За да ја постигнеме таа цел потребна ни е поддршка од националните и меѓунардонтие институции и партнери кои можат да ни помогнат да го забрзаме процесот“ порачува Ауризикио.

- Advertisement -

Италијанската вакцина се фокусира на генетскиот материјал на ДНК протеинот кој корона вирусот го користи за влез во човечките клетки. Следните тестови кои ќе ги праваат Италијанците имаат за цел да утврдат колку долго трае имунолошкиот одговор на вакцината.

Сподели!
- Advertisement -