Ова е CleanTech, единствениот целосно автоматизиран систем за миење раце. Процесот на миење раце почнува автоматски кога технологијата Photo Eye ќе детектира движење. Рацете се ставаат во два отвори во кои се наоѓаат цилиндри кои се вртат.
Од цилиндрите се прска вода под притисок и средство за дезинфекција и тоа рамномерно по целата површина на рацете. Тој раствор уништува 99,9% од бактериите или штетните патогени од рацете за само 12 секунди.
Во текот на целото миење на рацете нема никаков директен контакт со некоја површина, а системот на одвод на водата е затворен. На овој начин се троши 75% помалку вода отколку при миење во обичен мијалник. Истовремено додека стоите пред уредот се врши симултано дезинфицирање на обувките.