Откриена досега најголема количина на пластика на морското дно

- Advertisement -

Меѓународен тим од истражувачи ја откри досега најголемата количина на микропластика на морското дно. Речиси 1,9 милиони ситни честички пластика прекриваат само еден квадратен метар од морското дно во длабочините на Тиреснкото Море.

Секоја година во светските мориња и океани се фрлаат повеќе од 8 милиони тони пластичен отпад. Проблемот со пластиката во океаните и морињата го привлече вниманието на јавноста благодарение на документарниот филм „Blue planet“. Сепак, количината на тој отпад, кој најчесто може да се види на плажите и во „островите“ од пластика кои пловат по океаните, е само 1% од пластиката која завршува во океаните и морињата.

- Advertisement -

Според истражување на Универзитетот Манчестер, 99% од пластиката завршува под површината на водата и во длабочините на океаните. Но, досега не беше познато каде се крие. Одговорот на тоа прашање го даваат резултатите на најновото истражување на Универзитетот Манчестер, Универзитетот Бремен, Францускиот институт за истражување на морето IFREMER и Универзитетот Дурхам. Нивното истражување покажа дека струите во длабочините на водата дејствуваат како транспортни ленти и ги пренесуваат ситните честички пластика и пластични влакна преку морското дно.

Овие струи можат да концентрираат микропластика го олеми наиспи на седименти, кои истражувачите ги нарекуваат жаришта на микропластика. Изгледа дека тие жаришта во длабочините на морињата и океаните претставуваат ексивалент на т.н. острови од отпад на површината на океаните.

- Advertisement -

„Откривме дека микропластиката не е рамномерно распоредена по целото подрачје на ситражување, туку силните морски струи ја дистрибуираат во одредени делови од морското дно“ велат од Универзитетот Манчестер.

Микропластиката на морското дно се состои главно од влакна од облека и синететички текстил, кои не се филтрираат ефикасно во фабриките за прочистување на отпадните води и лесно влегуваат во реките и океаните. Постепено се насобираат и се пренесуваат преку длабоки океански и морски бразди инокеански кањони благодарение на силните струи кои ги таложат на морското дно. Кога ќе заврши на морското дно, микропластиката лесно се пренесува со континуирани проточни морски струи кои изгледаат како подводни лавини и ги таложат пластичните влакна и ситни честички во големи купови седименти.

Сподели!
- Advertisement -