Volkswagen ID.3 ја освои престижната награда за индустриски дизајн

- Advertisement -

Новиот Golf и ID. SPACE VIZZION[2], исто така, освоија награди на меѓународно познатиот натпревар за дизајн на автомобилски брендови

Брендот Volkswagen доминираше на Натпреварот за автомобилски бренд 2020, обезбедувајќи вкупно пет награди во сегментот на автомобилски дизајн.
ID.3, целосно електричниот предводник на брендот во иднината, беше прогласен за „Најдобар меѓу најдобрите“ во две категории. Новиот Golf и концепт возилото ID. SPACE VIZZION, исто така, беа меѓу добитниците оваа година. Натпреварот за автомобилски бренд е единствениот независен, меѓународен натпревар за дизајн на автомобилски брендови.

ID.3 ја освои титулата „Најдобар меѓу најдобрите“ во категориите „Exterior Volume Brand“ и „Interior Volume Brand“. Официјалната одлука на судиската комисија гласи: „ID.3 е експресивен, со кохерентна внатрешност и надворешност. ID.3 е импресивно современо толкување на типичниот, подобрен идиом за дизајн на Volkswagen – тоа е долгоочекуваниот, млад Volkswagen кој може да се пофали со храброст потребна да поттикне ново движење“.

- Advertisement -

Клаус Бишоф, раководител на Дизајн групацијата на Volkswagen, изјави: „За нас, ID.3 претставува зора на новата ера на мобилност. Во исто време, тој е предвесник на доаѓањето на ерата на дигиталниот дизајн, во која имаме за цел виртуелно да ги создадеме најдобрите можни кориснички искуства кај сите тимови користејќи врвни методи. Ова признание од судиската комисија покажува дека сме на вистинскиот пат“.

Новата осма генерација на Golf, лансиранa во Македонија на крајот на месец февруари оваа година, се појави како победник во годинашното натпреварување. Комисијата го идентификуваше возилото како победник во категориите „Exterior Volume Brand“ и „Interior Volume Brand“. ID. SPACE VIZZION, седмиот член на ID. семејството со совршена аеродинамика и многу простор, беше прогласен за победник во категоријата „Концепти“.

- Advertisement -

Натпреварот за автомобилски бренд е основан во 2011 година. Германскиот совет за дизајн (Rat für Formgebung), основан од германскиот Бундестаг во 1953 година, на овој начин дава признание на извонредниот дизајн на производи и комуникации и привлекува внимание на фундаменталната важност на брендот и дизајнот на брендот во автомобилската индустрија. Интердисциплинарната комисија се состои од членови кои работат во медиуми, дизајн, индустриски компании, високообразовни институции и архитектура. Официјалната церемонија на доделувањето на наградите е предвидено да се одржи наесен во Франкфурт, Германија.

Сподели!
- Advertisement -