Само 20% граѓани се задоволни од економските кризни мерки, голем дел поддржуваат намалување на платите во јавниот сектор
По кризата предизвикана од економскиот застој поради коронавирусот, 38 отсто од вработените очекуваат намалени приходи. 35% од јавниот сектор се спремни солидарно да го поднесат товарот на економската криза преку намалување на нивните плати доколку за тоа има потреба, покажуваат резултатите од анкетата на МКД.мк што ја спроведе Маркет вижн.
Од репрезентативниот примерок од 1.200 испитаници, речиси половина од нив се вработени лица, а најголем дел од нив се вработени во приватниот сектор.
Голем дел од вработените, 38 отсто од нив, веќе имаат или очекуваат да имаат намалени приходи како резултат од кризата со ковид-19 во земјата. Најголем дел од нив се вработени во приватниот сектор.
Повеќе од 20 отсто од граѓаните се задоволни од мерките што Владата ги предложи за помош на економијата. Останатите се или незадоволни (45,4 отсто) или неинформирани (33,8%).
Целата анкета на МКД.МК.