Границите на земјите на ЕУ затворени до 15 јуни

- Advertisement -

Европската комисија ги повика земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната уште за 30 дена да го продолжат привременото ограничување на патувањата во земјите-членки. Ограничувањето се однесува на сите патувања на граѓани од трети земји кои не се од суштинско значење, а се применува и на надворешните граници на ЕУ и ги опфаќа и земјите кои се надвор од ЕУ – Лихтенштајн, Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Од Комисијата порачуваат дека без оглед на првобитните чекори на државите-членки на ЕУ кон олабавување на мерките против КОВИД-19, ситуацијата и понатаму е несигурна во Европа и во светот.

- Advertisement -

Од Брисел повикуваат на континуиран координиран пристап кон продолженото ограничување на влезот во ЕУ и оценување на делувањето на надворешните граници може да биде делотворно само ако го спроведуваат сите држави-членки на ЕУ и шенгенските држави на сите граници.

Европската комисија во рамки на мерките за стопирање на ширењето на КОВИД-19 на 16 март прв пат ги повика земјите-членки на ЕУ и на шенген зоната да воведат привремено ограничување на сите патувања кои не се од суштинско значење. Таа мерка на 8 април беше продолжена за 30 дена.

- Advertisement -

Фото – needpix.com

Сподели!
- Advertisement -