Крај на евтините авионски летови?

- Advertisement -

Корона вирусот ги приземји авионските флоти во голем дел од светот и оваа индустрија претрпе голема штета. Моментално е невозможно да се претпостави кога ќе почне закрепнувањето на авионската индустрија. Ако им се верува на научниците и епидемиолозите, нашите животи во кои сега доминираат социјалната дистанца, хигиената на рацете, средствата за дезинфекција и сл. нема да се вратат на старо додека не се пронајде вакцина за корона вирусот.

Тоа би можело да се случи за една година до година и половина и дотогаш ќе треба да се задоволиме со олабавени рестриктивни мерки и делумна нормализација на животот. Но, оние кои размислуваат за купување авионски билети изгледа ги чека непријатно изненадување – друга цена на билетите.

- Advertisement -

Имено, поради одржувањето социјална дистанца меѓу луѓето, во авионите голем дел од седиштата ќе треба да бидат празни. Тоа би значело крај за евтините летови, смета генералниот директор на Меѓународната унија за комерцијални летови, Александер де Јуниак. Тоа особено се однесува на авионскиот превоз на кратки и на средни релации затоа што на пократките растојанија авионските превозници се на позитивна нула кога авионите се пополнети 70%. Тој процент нема да може да се достигне ако се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

За авионите со два реда седишта по три седишта во ред тоа значи дека секое место во средината ќе биде празно. Значи, една третина од местата во авионот ќе мора да бидат празни. Во тој случај, ако авиопревозниците продаваат билети по просечна цена како пред корона вирусот, ќе изгубат многу пари, што нема да биде одржливо. Ова особено важи за нискобуџетните превозници.

- Advertisement -

Според Јуниак, решението е покачување на цените на авиобилетите за 50% и дури тогаш би можел да се оствари минимален профит. Значи придржувањето до мерките за социјално дистанцирање ќе го означи крајот на евтините летови, а прашање е дали со такво покачување на цените воопшто ќе може да се пополнат две третини од седиштата во авион.

Сподели!
- Advertisement -