Холандски ресторан пронајде решение за социјалното дистанцирање и сега не може да постигне со резервациите

- Advertisement -

Ресторанот Mediamatic во Амстердам е целосно букиран до крајот на јуни и покрај социјалната дистанција. Угостителските објекти ширум светот се соочуваат со проблеми доддека се прилагодуваат на оваа ера после корона вирусот. Во последните неколку месеци социјалното дистанцирање и другите мерки кои ги презедоа владите и приватните компании ги принудија рестораните, хотелите, баровите и другите индустрии да се затворат за да се спречи ширењето на вирусот.

Mediamatic ETEN нуди вегетаријанско мени со четири оброци за гости дури и во време на карантини и социјално дистанцирање. Се прашувате како? Така што направи посебни стакклени карантини за сите гости. Сите гости седат во посебни минијатурни куќички кои се физички одделени една од друга. Засега оваа услуга се нуди само на персоналот и на нивните семејства и пријателите, но резервациите им се пополнети од 19 мај, кога завршува карантинот во Холандија, до крајот на јуни.

- Advertisement -

Келнерите во ресторанот носат ракавици и визири за лице, а храната не ја носат директно во стаклените куќички, туку користат посебни долги даски од кои гостите сами ја подигнуваат храната со цел да се избегне можноста за заразување.

Сподели!
- Advertisement -