Регулаторната комисија за енергетика денес ги објави новите цени на горивата, кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ. Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во
просек за 8,51% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно
Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна
Македонија од 04.05.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 3,50 денари/литар, во однос на
малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена
на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98
изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува
45,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се
зголемува за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од
04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-
1), изнесува 33,50 ден/лит.