Овие очила може оддалеку да ви кажат колкава телесна температура има некој што се наоѓа околу вас. Со нивна помош лесно и брзо ќе дознаете дали некој има симптоми на корона вирус или не. Камерата и инфрацрвениот сензор може да ја детектираат телесната температура на растојание од околу 3 метри. Вештачката интелигенција потоа утврдува точно колкава е температурата и ви ја покажува на стаклото од очилата благодарение на засилена реалност.
Очилата ги направи кинескиот гејмерски стартап Rokid Inc. и од компанијата најавуваат дека наскоро очилата ќе можат да ја измерат телесната температура на повеќе луѓе одеднаш и ќе може да се користат во трговски центри или на аеродроми. Rokid досега има продадено околу 1.000 пара очила на индустриски паркови, училишта и влади, а добваат многу нарачки од странство. Повеќе кинески аеродроми, како и лондонскиот Хитроу имаат поставени термални камери.
После најголемиот замав на пандемијата на корона вирусот многу земји во светот се прашуваат како повторно да се отворат за остатокот од светот, како да ги вратат луѓето на работа додека истовремено се обидуваат да спречат нов бран на корона вирусот. Овие очила може да им помогнат во тоа.