Првиот мост за копнен сообраќај меѓу Русија и Кина ќе се отвори наскоро

- Advertisement -

Првиот мост за копнени возила меѓу Русија и Кина доби зелено светло да почне со работа штом ќе се укинат рестрикциите поради корона вирусот. Мостот ја премостува реката Амур и ги поврзува рускиот град Блаховешченск и кинескиот град Хеихе, а неговата изградба беше довршена во 2019 година.

Договорот меѓу двете земји беше направен во 1995 година, но изградбата на мостот кој чини 254 милиони долари не почна до декември 2016 година. За изведбата на проектот беа изградени 20 километри нови патишта. Мостот ги поврза двете страни на реката Амур во мај минатата година, а целосната изведба на проектот беше комплетирана во декември 2019 година.

- Advertisement -

Делот од мостот над реката е долг 1,080 метри, но пуштањето во употреба беше одложено поради корона вирусот. Руското Министерство за изградба, домување и комуналии изјави дека конечно ќе биде отворен кога ќе се укинат рестрикциите поради пандемијата.

Сподели!
- Advertisement -