Kорона остави без работа 36 милиони Американци

- Advertisement -

Во САД досега се забележени 1,4 милиони случаи на зараза од коронавирус, што сочинува речиси третина од сите случаи во светот.

Владата на САД сооопшти дека минатата недела 2,98 милиони Американци останале без работа. Со тоа од средината на март, кога почна запирањето на економијата, поради пандемијата од коронавирус, во САД работа изгубија повеќе од 36 милиони луѓе, објави Дојче Веле.

- Advertisement -

Според Њујорк Тајмс, повеќе од половина од оние кои последните недели барале помош за невработени не успеале да го добијат побараниот надомест. Американскиот весник исто така наведе дека 13 сојузни држави сѐ уште потполно не вовеле програма за помош во случај на невработеност поради пандемијата, кој Конгресот го усвои во март за да им се помогне на оние кои немаат право на надомест за невработени.

Во САД досега се забележени 1,4 милиони случаи на зараза од коронавирус, што сочинува речиси третина од сите случаи во светот. Од компликации поврзани со ковид-19 починаа над 85.000 Американци.

Сподели!
- Advertisement -