Владата предлага намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор

- Advertisement -

Владата ја овласти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, како назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд – Focal Point, да го потпише писмото без приговор за Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава и во рок од една недела од Информацијата за потребата од издавање на писмото, која е усвоена на денешната владина седница, да го достави до Светската банка и Министерството за финансии.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на проектот е да ја намали потрошувачката на енергија во јавниот сектор и да го поддржи развојот и имплементацијата на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор.

- Advertisement -

Вкупниот износ на Проектот развиен од страна на Светската банка се очекува да достигне вредност од 64 милиони долари, од кои преку Зелениот климатски фонд се очекува потенцијално финансирање од 10 милиони долари во вид на грант средства. Предложениот предлог-проект кој треба да обезбеди дополнителни средства во вид на грант од Зелениот климатски фонд ќе биде дел од Проектот за да помогне во зголемувањето на почетниот капитал и капацитет за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност во државата, соопшти прес-службата на Владата.

Сподели!
- Advertisement -