Шефот на Аmazon, Џеф Безос, ќе стане првиот трилионер во светот

- Advertisement -

Џеф Безос може да стане првиот трилионер во светот до 2026 година ако неговото богатство продолжи да расте за 34% секоја година, покажа анализата на Comparisun.

Анализата е базирана на периодот пред корона кризата, која уште повеќе ја зголеми вредноста на акциите на Amazon и покрај тоа што Безос изгуби 38 милијарди долари во бракоразводната парница од Мекензи Безос.

- Advertisement -

Безос моментално има богатство од 143 милијарди долари, благодарение на дополнителните 28 милијарди долари кои ги заработи годинава. Богатството на Безос забрзано расте додека Amazon се соочува со критики од вработените поради работната пракса на компанијата.

Ако богатството на Безос продолжи да расте со ова темпо, тој ќе стане трилионер на 62-годишна возраст. Во изминатите 5 години богатството на Безос растеше со годишна стапка од 34%. Цукерберг, пак, ќе биде веројатно најмладиот трилионер во светот. Според анализите на Comparisun, тој би станал трилионер во 2036 година кога ќе има 51 година.

Сподели!
- Advertisement -